Ботас до пол позицијата во Кина, Мерцедес доминираше пред Ферари

Возачите на Мерцедес доминираа утрово во квалификациите за Големата награда на Кина. Пол позицијата ја освои Валтери Ботас, а Луис Хмилтон заврши втор пред возачите на Ферари.

Од самиот почеток на квалификациите Мерцедес беше доминантен на патеката. Од овој тим упорно пред ГН на Кина тврдеа дека Ферари ќе доминира, а сега приредија вистинско изненадување.

Ботас и Хамилтон имаа одлично темпо, па во првите два дела од квалификациите беа убедливо пред сите. Ферари како да ги штедеше своите болиди во очекување на третиот дел, но се покажа дека и тоа како се немоќни.

Ботас на крајот со време од 1:31.547 стигна до пол позицијата, пред Хамилтон кој заостана 23 десеттинки. Трет утре ќе стартува Себастијан Фетел, а зад него е тимскиот колега Чарлс Леклерк. Во Топ 10 во квалификациите завршија и Макс Верстапен, Пјер Гесли, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Кевин Магнусен и Роман Грожан.

Се вчитува...