Ботас: Ова ми е најдобрата трка во кариерата

Валтери Ботас во голем стил ја отвори Формула 1 сезоната. Тримфираше на првата трка во Австралија, а го освои и дополнителниот бод по новото правло за најбрз круг. По успехот беше очекувано задоволен, но и малку збунет.

„Едноставно не знам што се случи, не знам што да кажам. Ова дефинитивно беше најдобрата трка во мојата кариера. Се чувствував многу добро и болидот е одличен. Имам одличен тим, им благодарам на сите.Бев на најдбро ниво, по неколку круга кога ја изградив предноста сфатив дека можам да го одржам нивото до победата“ – изјави Ботас по победта.

 


Бранителот на титулата, првиот пилот на Мерцедес, Луис Хамилтон му оддаде признание на ботас кој конечно доби шанса за победа по серијата втори места во минатата сезона.

„Ова беше неверојатен викенд за тимот, Валтери возеше неверојатна трка денеска и навистина ја заслужи победата“ – рече Хамилтон.

Се вчитува...