Ботас, побрз од Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на Силверстоун

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија на Силверстоун.

Во супер интересен финиш на денешните квалификации Валтери Ботас оствари за само шест илјадити делови од секундата побрзо време од тимскиот колега Луис Хамилтон, па овие двајца ќе бидат на првите две стартни места. Од третата позиција утре ќе стартува Чарлс Леклерк од Ферари и двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Французинот Гасли.

Лидер во генералниот пласман во моментов е Хамилтон со 197 бодови, пред Ботас со 166, а по нив следуваат Верстапен (126), Фетел (123) и Леклерк (105).

Се вчитува...