Божичевиќ-Битољану постави нов државен рекорд до 20 години на 200 метри (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар Владек Божичевиќ Битољану постави нов државен рекорд на 200 метри за младинци до 20 години на митингот „Светски ден на атлетиката“.

Божичевиќ-Битољани патеката од 200 метри ја истрча со време од 21.86 секунди, што е подобрување на досегашниот рекорд од 22.04 кој беше во сопственост на Ристе Пандев.

Минатата недела на митингот „Отворање на сезоната“, Владек, кој веќе го носи епитетот „најбрзиот млад Македонец“ истрча на 100 метри и време од 10.91 секунди.

Се вчитува...