Божиќна „петарда“ од Ливерпул за Свонси

Ливерпул уште еднаш ја демонстрираше својата офанзивна маестралност бележејќи убедлива победа од 5-0 на дуелот со Свонси. Тимот на Јирген Клоп целосно доминираше и сосема заслужено стигна до убедлив триумф, а интересно е што од петте погодоци, ниту еден не беше дело на најдобриот стрелец Мохамед Салах.

Клоп го почна мечот без Садио Мане во стартниот тим, но Кутињо со еврогол по само неколку минути игра се погрижи гостите да се откажат од „бункерот“ како опција на „Енфилд“. Водството од 1-0 остана до крајот на првото полувреме, за потоа во вториот дел да следи вистинска експлозија пред „Коп“ трибината, најпрвин Фирмино постигна два гола, а потоа меѓу стрелците се запишаа и младиот Арнолд, како и Окслејд Чембрлен.

„Црвените“ со оваа победа се задржаа на четвртото место so 38 бода, еден повеќе од Тотенхем на петтата позиција, а сега „минус пет“ во однос на второпласираниот Манчестер сити.

Се вчитува...