Божиновска десетта на 400 метри на Балканското младинско првенство во Србија

Ана Божиновска од АК Центар го заврши на 10. место настапот на трката на 400 метри на Балканското атлетско првенство за млади младинци кое се одржа викендов во Краљево, Србија.

Божиновска трката на 400 метри ја заврши со време од 1:01.55 минути, во конкуренција на 12 атлетичарки кои се појавија на стартот во оваа дисциплина. Победи Словенката Каролина Збичајник со време од 55.78 секунди пред Милиќ од Хрватска и Полак од Србија.

На првенството Македонија беше претставувана и од Сара Османовска од АК 7 Мај која го освои последното место во скок во далечина, од вкупно 15 натпреварувачки во оваа дисциплина, со скок од 4,64 метри. Првото место го освои Бугарката Пламена Миткова со скок од 6,29 метри, пред Брина Ликар од Словенија со скок од 6,10 метри.

Се вчитува...