Репрезентацијата на Мароко е третата селекција која се пласираше во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации, откако со 1-0 го совлада националниот тим на Танзанија.
Четвртата светска селекција во моментов доминираше во текот на целиот меч, имаше поголем посед на топката, но на крајот успеа само со еден гол да дојде до победата.
Творец на овој триумф беше Брахим Дијаз кој во 64. минута на асистенција на Хакими успеа да го постигне одлучувачкиот гол.
Претходно Хакими ја погоди пречката, а еден погодок беше поништен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

