Брајтон ја „прели чашата“ – Солскјер има нов тандем во одбраната на Јунајтед

Манчестер Јунајтед помалку и среќно стигна до првата победа сезонава во Премиер-лигата откако со голот од пенал на Бруно Фернандеш во 100. минута го совлада Брајтон со 2-3. Одбраната повторно беше очајна и само среќата ги спаси од поголем срам, бидејќи фудбалерите на Брајтон пет пати го погодуваа дирекот.

По овој меч Солскјер видно лут му кажал на Виктор Линделоф дека веќе нема да смета на него и дека неговата позиција во првата постава на Јунајтед ќе ја преземе Ерик Баи. Тоа значи дека стоперскиот двоец во следните натпревари ќе го сочинуваат Баи и Мегваер.

Јунајтед е заинтересиран за одличниот стопер на Лајпциг, Упамекано кој е една од трансфер целите на клубот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...