Брајтон низ годините се докажа како клуб што знае како да избере засилувања, што неколку години подоцна ќе ги препродаде за значителна добивка на најголемите англиски клубови, откако низ годините преку овој клуб беа трасирани кариерите на Каиседо, Кукуреља, Жоао Педро, Мекалистер, Бен Вајт… низа на која наскоро би требало да се приклучи и Кристијан Балеба.
Манчестер Јунајтед е клубот што е на чекор до потпис со 23-годишниот фудбалер за врска, кој во последните 12 месеци беше поврзуван со неколку премиерлигаши, но сега е на добар пат да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.
Балеба настапува како последен играч за врска, позиција на која Јунајтед е најдефицитарен по тешката повреда на Угарте. Брајтон бараше 75 милиони фунти, но Балеба во меѓувреме се повреди и ќе отсуствува до крајот на септември, поради што неговата цена падна за 10 милиони.
Јунајтед веќе ги договори личните услови со самиот фудбалер, а во завршна фаза се и преговорите меѓу клубовите, па англиските медиуми најавууваат дека до крајот на денот може да биде постигнат целосен договор, со што Јунајтед ќе го заокружи преодниот рок за летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
