Брајтон успеа да се спаси од пораз, но не успеа преку Кристал Палас да застане на лидерското место во ПЛ (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Кристал Палас и Брајтон вечерва беше заокружено 6-то коло од англиската Премиер лига, а на овој двобој фудбалската јавност имаше можност да види возбудлива игра која на крај заврши без победник со резултат од 1-1.

Почетокот на овој натпревар најави тактички надмудрувања, без преголеми возбудувања, па воглавно битката се водеше на средината од теренот. Најсериозната шана ја имаа домаќините, откако во последните минути од натпреварот по една мешаница им беше досуден пенал, а Вилфрид Заха без никакви проблеми успеа да го матира гостинскиот голман и да донесе водство на својот тим од 1-0.

До крајот на натпреварот се чинеше дека нема да има сериозни промени во тековната игра, но последните минути беа супер возбудливи, особено во 94-та минута кога Нил Мопај успеа да постигне гол и да ги спаси своите соиграчи од пораз, па на овој начин фудбалерите на Брајтон успеаа да го зачуват својот позитивен баланс на одлични резултати од моменталната сезона во силната ПЛ.

Кристал Палас по овој исход остана на 15-та позиција со вкупно 6 освоени поени, додека Брајтон се наоѓа на 6-то место со освоени 13 бода.

Се вчитува...