Браќата Алексовски еден против друг во прволигашката пресметка во Маџари (ФОТО)

Работнички и Македонија ЃП од 13 часот се соочуваат со скопската пресметка во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, каде ќе се игра натпреварот, и братска пресметка.

Еден против друг браќата Алексовски, на голот на „романтичарите“ македонскиот репрезентативец Игор Алексовски, а во средниот ред на „лавовите“, Филип Алексовски кој досега во шампионатот е и со два постигнати погодоци издвојувајќи се како еден од најдобрите млади фудбалери во Првата лига.

Се вчитува...