Браќата Карабатиќ им откажаа на „триколорите“

Францускиот селектор Дидие Динар се соочува со неочекуван проблем во пресрет на завршните квалификациски натпревари против Литванија и Белгија, откако остана без услугите на својот најдобар ракометар Никола Карабатиќ. Покрај Никола, настапот на овие две средби го откажа и неговиот брат Лука Карабатиќ, кој нема да му биде на располагање на селекторот Динар во следниот период.

Како што јавуваат француските медиуми, Лука заработил повреда на рамото во финалето од ЛШ против Вардар, додека кај Никола станува збор за низа на повреди во последните месеци, поради што искусниот бек одлучил конечно да земе нешто подолг одмор во текот на летово.

Ова е сериозен проблем за Франција, со оглед на фактот дека на последниот меч со Норвешка репрезентативните кариери ги завршија и Омејер и Нарсис, но јасно е дека дури и без браќата Карабатиќ „триколорите“ остануваат големи фаворити за победата на преостанатите квалификациски средби.

Се вчитува...