Браќата Станковски против Бразилците од Ѓорче Петров за реми на „Тодор Проески“, Шкендија убедлива, Седлоски дебитираше со победа (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 28. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (3-0)

Радески 14′(п), Крстовски 29′, Стоилов 35′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-2)

Л. Станковски 10′, М. Станковски 29′ – Да Силва 7′, Фернандо 17′

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

Скендери 56′, Алтипармаковски 82′, Таири 86′(п)

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

Нето 79′

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (0-3)

Хабај 26′, 54′, Нафиу 41′

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1

======================================================================================

  • Гоце Седлоски дебитираше со победа на клупата на Шкупи. Чаирчани победија со 0-1 на гостувањето против Борец во Велес со голот на Нето во финишот.
  • Заврши и дуелот во Струга, каде Струга ТЛ славеше убедлива победа против Пелистер од 3-0 со три гола во второто полувреме!
  • Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите на „Тодор Проески“ во извонредно прво полувреме во кое паднаа сите четири гола. Браќата Станковски, Лука и Марио постигнаа два гола за Работнички, а два феноменални погодоци запишаа Бразилците Да Силва и Фернандо кај „лавовите“.
  • Крај на дуелот меѓу Академија Пандев и Вардар. „Пандевци“ славеа со 3-0 со три гола во првото полувреме!
  • Крај на натпреварот во Струмица. Убедлива победа на Шкендија од 3-0 против Беласица која е само на еден натпревар од заверка на титулата!

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 86′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Фламур Таири од пенал носи убедлива предност за стружани

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 82′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Домашните со голот на Марјан Алтипармаковски ја запечатуваат, се чини, победата над Пелистер.

БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Нето одлично погодува за водство на гостите во Велес.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-2)

75′ – Одлична шанса за „лавовите“ за ново водство, но Јанков го брани ударот на Ајрулаху

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-2)

65′ – Работнички со играч помалку до крајот. Втор жолт картон и исклучување за Методи Максимов.

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 56′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Со погодокот на Емир Скендери, стружани поведуваат против Пелистер

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (0-3)

0-3 – 54′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Рубин Хабај го постигнува и својот втор гол на мечот за веќе убедлива предност на Шкендија!

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 28. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 41′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И Валмир Нафиу се запишува во листата на стрелците за водство од 0-2 на Шкендија во Струмица


АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (3-0)

3-0 – 35′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Нов пенал за домашните и повторно направен од Најденов, кој сега прави прекршок. Но, сега Илиќ го брани ударот на Стоилов но и не шутот по одбиената топка.


АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 29′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Катастрофална грешка на одбраната на Вардар која подарува топка за Марио Крстовски чиј удар од 15 метри завршува во мрежата на Илиќ


РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-2)

2-2 – 29′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлично нафрлање од левата страна, а сега Марио Станковски со глава постигнува извонреден погодок за израмнување


БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 26′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хабај ги носи тетовци до предност на гостувањето во Струмица

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)

1-2 – 17′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бразилско шоу на „Тодор Проески“. Фернандо сега од слободен удар од 18 метри стрела под гредата од голот на Јанков


АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 14′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Радески од пенал ги носи домашните до предност. Претходно Најденов, според судијата, играл со рака од сомнителна ситуација во шеснаесетникот на гостите

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 10′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлично нафрлување од левата страна и Лука Станковски со глава од десеттина метри израмнува

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 7′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Маестрален гол на Робсон Да Силва кој од 25 метри испраќа „бомба“ во горниот агол од голот на домашните


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 28. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати и составите за пресметката меѓу Работнички и Македонија ЃП

  • Познати составите за дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Вардар

======================================================================================

Во 28. коло од ПМФЛ, интересна пресметка во Струмица каде Академија Пандев ќе биде домаќин на Вардар. И за двата тима повеќе од значаен натпревар во битката за опстанок. Во Скопје, пак, мегдан меѓу Работнички и Македонија ЃП за европски излез.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...