„Братот“ да си оди од Манчестер Јунајтед

Легендарниот бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра вели дека неговиот сонародник, Пол Погба мора да замине од „Олд Трафорд“ колку е можно побрзо, бидејќи Манчестер не е местотото за него.

„Кога игра за се е виновен Пол, кога не игра повторно за се е виновен. Навистина братот мора да замине од „Олд Трафорд“. Тој таму се чувствува како јас во Марсеј. Едноствно не е прифатен како што заслужува, откако се врати од Јувентус“, вели Евра. 

Пол Погба е не излезна врата од Манчестер Јунајтед, бидејќи и двете страни не се задоволни од соработката. Клубот планира да направи нов тим со кој за некоја сезона би бил конкурентен за освојување на трофејот, додека Французинот не сака залудно да ги губи своите најдобри години во создавање на тим.

Се вчитува...