Братот на Погба на мака како Џамбо – остана без ангажман во Германија оти бил предебел!

Матијас Погба (27) ја нема славата на својот помал брат, Пол Погба, а ни дарба големите клубови да се „тепаат“ за него. Матијас дури не ја помина ни пробата во германскиот фудбалски третолигаш Урдинген и тоа од една помалку бизарна причина – затоа што бил предебел за нивните стандарди.

Германците му дадоа шанса да се покаже и да се избори за ангажман, но набрзо заклучиле дека Погба постариот има преголема тежина.

Во Урдинген се увериле дека Матијас поседува одредени фудбалски квалитети, но му забележале дека треба да симне неколку килограми.

„Матијас има добро тело за „деветка“, висок е. Меѓутоа, има и премногу килограми. Тој не може да му помогне на тимот и не ја помина пробата“ – изјави тренерот на Урдинген, Штефан Крамер.

27-годишниот напаѓач претходно настапуваше за британските нисколигаши Врексем, Кру, Кроули таун и Патрик, но реши да побара нова средина и да си ја проба среќата во Германија.

Се вчитува...