Братот на Тони Паркер – нов тренер на АСВЕЛ

Братот на легендарниот француски кошаркар Тони Паркер, Џонатан е назначен за нов тренер на АСВЕЛ. Црногорскиот стратег Звездан Митровиќ го напушти клубот, по што Џонатан кој беше негов помошник ја доби задачата да го води клубот во новата сезона.

Тони Паркер е сопственик на францускиот клуб, па затоа и не е некое големо изненадување што се одлучи тимот да го води неговиот брат кој во клубот работеше како помошник од 2018 година. Теренс Џонатан Паркер за разлика од неговиот далеку пославен брат немаше голема кошаркарска кариера. Тој целата кариера ја помина во домашниот шампионат каде беше дел од Париз, Нанси и АСВЕЛ.

Се вчитува...