БРАВО ДЕВОЈКО: Катерина Ацевска е светска вицешампионка!

Македонскиот спорт слави уште еден успех благодарение на најдобрата македонска џиу-џицу натпреварувачка, Катерина Ацевска. Таа го освои сребрениот медал на Светското сениорско првенство во Абу Даби (ОАЕ) и официјално се закити со титулата светски вицешампион во категоријата над 70 килограми (џиу-џицу фајтинг).

Со овој резултат, Ацевска направи скалило подобар успех од претходниот планетарен собир одржан во Бангкок, Тајланд, каде што го освои бронзениот медал. Новиот сребрен блесок во Обединетите Арапски Емирати и носи на македонската репрезентативка вредни бодови, со кои дополнително го зацврстува и сигурно го задржува првото место на официјалната Светска ранг-листа.

Се вчитува...