БРАВО момци Македонци, падна Русија

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со победа против Русија со 29-22  на Светското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Алжир. Победничкиот старт на шампионатот им носи голема психолошка предност на македонските младинци, но и ги носи чекор поблиску до посакуваниот пласман во втората осминафинална фаза на СП. Во натпреварот со чести осцилации на двете страни, Македонија одигра сигурно во решавачката последна четвртина и заслужено стигна до првите бодови на СП во Алжир.

Игра со многу осцилации покажаа македонските младинци во првиот дел од натпреварот. Филип Кузмановски го отвори мечот з апочетно водтво, но Русите набрзо ја презедоа иницијативата и се одржуваа во минимална предност. Темелковски го почна натпреварот со стандардната бековска постава Талески-Кузмановски-Велковски, но серијата грешки и нереализирани напади на македонската репрезентација го принудија да наљправи неколку ротации и да бара други решенија во составот.

На средината од првиот дел конечно се стабилизира играта на „црвено-жолтите“. Томислав Јагуриновски беше прец изен за водство од 7-6, а Кузмановски со третиот погодок прв пат ја однесе Македонија на +2 (8-6). Но, по овие ефикасни минуити, одново следуваше пад во концентерацијатаи серија грешки кои Русите брзо ги казнија, направија серија од 3-0 и поведоа со 8-9. Македонската репрезенатција на двапати беше по пет минути без постигнат гол. Сепак, во финишот на полувремето грешеше и руската репрезентација и резултатот остана изедначен. Седмерецот во последните секунди на „зборнаја“ и донесе минимална предност на полувремето од 10-11.

Несигурната игра на македонскиот состав продолжи и на стартот од вториот дел кога Русите брзо дојдоа до предност од 10-13. Филип Арсеновски ја прекина лошата серија  и со двата погодоци во серија ги врати „црвено-жолтите“ во игра. Русите дојдоа на највисоки +3 гиола предност во 35.минута кога поведоа со 11-14. И во вистински момент, конечно проработе и капитенот Филип Талески и со два гола и две успешни асистенции креираше комплетен шпресврт на натпреварот на стартот од последната четвртина. Арсеновски погоди за 18-17, Мартин Томовски одбрани седмерец, а Давор Палевски реализираше седмерец за нови +2 (19-17) во 45.минута кога македонија беше со играч помалку на терен по исклучувањето и директниот црвен картон за Марко Неловски. И наместо мирна завршница, два невнимателни потези донесоа нова драма во завршните десет минути од натпреварот. При водство на Македонија од 21-19 исклучување прво доби Кузмановски, а потоа две минути на клупата се пресели и Палевски. Но, Македонија и со четворица играчи во поле успеа да се одбрани, Талески ја одржуваше предноста, а кога беше најпотребно и Томовски одбрани зицер. Двете прецизни контри на Јегуриновски ја однесоа Македонија на безбедни +4 (24-20) на осум минути пред крај. Отпорот на Русите комплетно беше скршен во завршницата на мечот, а македонската репрезентација играше се посигурно и на крај заслужено младите ракометари и се израдуваа на големата победа на стартот од СП во Алжир.

Пивотот Филип Арсеновски беше прв стрелец со седум погодоци, Филип Кузмановски постигна шест, додека Талески покрај бројните асистенции имаше и четири гола, сите во второто полувреме.

Утре во Групата Ц е слободен ден, а следниот натпревар Македонија ќе го игра во четврток (21 ч.) против Буркина Фасо.

Во другите натпревари од 1.коло во Групата Ц, Шпанија славеше против Бразил со 29-21, а Тунис ја декласира селекцијата на Буркина Фасо со 50-17.

Се вчитува...