Браво, Ноле: Ѓоковиќ отвора ресторан каде ќе дели храна на бездомници

Новак Ѓоковиќ најавува нов хуман гест, обелоденувајќи ги своите планови во најскоро време да отвори ресторан што нема да наплаќа храна.

Целта ми е да отворам фино место, каде луѓето би јаделе бесплатно. Има многу бездомници на кои им е потребна помош, ова е мојот начин да им помогнам. Отсекогаш сум сакал вкусна храна, затоа  сакам и другите да уживаат во неа, особено оние кои вообичаено не се во можност“ – изјави Ѓоковиќ.

Тој веќе има отворено еден ресторан во Белград, во текот на овој месец треба да отвори свој ресторан и во Монте Карло, по што следен потег ќе му биде ширење на „мрежата“ со оваа оригинална идеја. Точната локација не е избрана, но јасно е дека тоа ќе биде во Србија.

Парите не ми се потребни, ги имам многу и можам да си дозволам ваков проект. Тоа е мојот начин да им се заблагодарам на сите оние кои ми се поддршка, кои навиваат за мене во татковината“ – порача Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...