Петкратниот светски првак Бразил ја оствари првата победа на Мундијалот, откако го совлада Хаити со 3-0 во Филаделфија, со што собра четири бодови кои ќе бидат доволно да се пласира во 1/16 финалето, само останува дилемата дали како прва или втора селекција во групата.
Хаити пружи отпор само во првите 20 минути, а потоа до крајот на првиот дел Бразилците постигнаа три гола, и го одлучија победникот.
Бразил поведе во 23-тата минута преку Куња. Истиот играч го зголеми водството на 2:0 во 36-тата минута по асистенција од Винисиус, додека Винисиус Жуниор кон крајот на првото полувреме го зголеми резултатот на 3:0 по одлично додавање од Лукас Пакета.
Бразил создаде уште неколку шанси како што играта продолжуваше. Куња ја погоди стативата, а Ендрик ја пронајде мрежата во 78-та минута, но голот беше поништен поради офсајд. Хаити имаше една шанса во 63. минута, но не успеа да убалжи.
Победата на Бразил оди ов сенка поради проблемите со повреда на Рафиња. Крилниот фудбалер мораше уште по првиот дел да го напушти натпреварот. Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе паузира, а првичните прогнози дека ќе го нема 7-10 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
