Бразил влезе далеку помотивирано во второто полувреме, за десет минути игра успевајќи да израмни на 1-1 на дуелот од 1/16 финалето на СП против Јапонија.
Ендрик влезе во игра на местото на Пакета, „кариоките“ тргнаа ултраофанзивно, а ваквиот прстап им донесе и израмнувачки погодок.
Касемиро промаши зицер од три метри во 53. минута, но само две минути подоцна новиот фудбалер на Интер Мајами се снајде далеку подобро, по центаршутот на Габриел со глава матирајќи го голманот Сузуки.
Веќе во следната минута Бразил имаше шанса за целосен пресврт, Винисиус тргна во одличен соло-продор, но Сузуки ја допре топката, таа удри во дирекот и се врати во поле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
