Бразил со барање до ФИФА: Да се казнат Јунајтед, Челси, Ливепрул, Сити, Евертон и Лидс!

Фудбалската федерација на Бразил е незадоволна од одлуките на дел од клубовите на Премиер лигата, па испрати барање до ФИФА да изречи санкции. Станува збор за шест клубови кои не сакаат да ги пуштат своите играчи да играат за репрезентацијата во следните квалификациски мечеви.

Клубови кои одбиле да ги пратат своите играчи да настапат за Бразил имаа реална опасност да не можат да ги вратат потоа во составот своите играчи една недела откако ќе ги одиграат мечевите за Бразил.

Тимовите Челси, Лидс, Евертон, Ливерпул и двата клуба од Манчестер не ослободија дел од своите играчи да настапат за својата репрезентација. Причина што овие клубови не сакаат да ги пуштат своите играчи за Бразил и Аргентина е тоа што тие земји се наоѓаат во црвената зона по ризик од Ковид-19.

Со тоа нивните играчи би морале по враќање во Британија да заминат во изолација од десетдневен карантин. Доколку ФИФА го освои барањето на ФС Бразил, многу од играчите како Алисон, Фабињо и Фирмино од Ливерпул или Фред од Манчестер Јунајтед, не би можеле да играат во бараниот рок за своите клубови.

Се вчитува...