Бразил тргна „жестоко“ на патот кон Катар (ВИДЕО)

Со убедлива победа од 5-0 над Боливија во Сао Паоло, Бразил ја почна кампањата за обезбедување пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Бразилскиот состав имаше водство уште во 16. минута од средбата кога голот за стартна предност го постигна Маркињос, а веќе 14 минути подоцна Фирмино стрелаше за 2-0.

Во второто полувреме од средбата имаше уште три погодоци. Фирмино повторно погоди во 49. минута, а  боливискиот состав му помогна на Бразил постигнувајќи автогол во 66. минута. Кутињо по асистенција на Нејмар ги постави конечните 5-0 на 17 минути пред крајот на дуелот.

 

 

 

Се вчитува...