Бразилска врска: Давид Луиз го убедува Тијаго Силва да дојде во Арсенал

Арсенал го регрутираше Давид Луиз да го убедува бразилскиот сонародник Тијаго Силва да дојде од Пари Сен Жермен во Лондон. Силва веќе објави дека по истекот на актуелниот договор со ПСЖ, по завршувањето на настапите во Лигата на шампионите си оди од Париз каде што беше осум години.

Арсенал е во обид да биде во предност пред Евертон и пред Тотенхем кои исто така се заинтересирани за 35-годишниот играч. Менаџерот Микел Артета наводно веќе и контактирал со Силва, но главниот дел од работата треба да го заврши Луиз кој треба да ја искористи одличната релација што ја има со Силва од бразилската репрезентација и да го убеди  дека Лондон е вистинското место за него.

Дел од британските медиуми неодамна објавија дека Тијаго Силва многу сакал да дојде во Премиер-лигата и оти би бил согласен и на драстично намалување на платата.

Се вчитува...