Бразилците апелираат: Да загубиме од Чиле, само Аргентина да отпадне!

Бразилските навивачи бараат од својата фудбалска репрезентација да го загуби вечерашниот дуел против селекцијата на Чиле, и така да ги загрози шансите на Аргентина за директен пласман на Светското првенство во Русија. Националниот состав на Аргентина се наоѓа на работ на елиминација, само триумф над Еквадор може да им ги продолжи надежите за учество на СП.

Со евентуален триумф во Сао Паоло над Бразил, Чиле директно ќе се пласира на СП, додека Аргентина и со победа ќе игра бараж, само доколку Колумбија слави против Перу во гостувањето. Поинакво сценарио, поточно пораз на Чиле и победа на Аргентина, ќе значи радост за избраниците на Сампаоли по турбулентните настапи во текот на овие квалификации.

Бразил е единствената репрезентација од квалификациите за СП во Јужна Америка, која обезбеди место на мундијалот, но затоа Уругвај, Чиле, Колумбија, Перу и Аргентина ќе треперат до последен момент во вечерашните последни пресметки.

Дуелите се закажани за вечерва, со почеток во о1:30 часот по полноќ, според нашата временска зона.

СП квалификации, Јужна Америка 18. коло:

Бразил – Чиле

Еквадор  – Аргентина

Парагвај – Венецуела

Перу – Колумбија

Уругвај  – Боливија

ГРУПА:

juznaamerikaSPkva

Се вчитува...