Девет бразилски фудбалери нема да можат да играат во квалификациите за Светското првенство бидејќи англиските клубови во кои играат и водството на Премиер-лигата минатата недела одлучија да не им дозволат на играчите да играат за репрезентациите поради ограничувањата поврзани со коронавирусот.
Според правилата кои во моментов се на сила во Велика Британија сите кои доаѓаат од земјите кои се на црвениот список ќе мора да поминат карантин од десет дена во хотел кој ќе биде избран од владата, без разлика дали патникот се има вакцинирано или не.
Бразил, кој е прв во квалификациите во Јужна Америка со 18 бода од шест одиграни меча на дуелите со Чиле, Аргентина и Перу, нема да може да смета на Тијаго Силва, Ришарлисон, Едерсон, Габриел Жезуз, Рафиња, Алисон, Фабињо, Фирмино и Фред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА