Бразилската фудбалска федерација прави се што е во негова моќ Нејмар да биде дел од репрезентацијата на Летните олимписки игри во Токио. Раководството на федерацијата веќе почна преговори со првиот човек на Пари Сен Жермен Насер Ал Келаифи.
Нејмар сака да биде дел од репрезентацијата во Токио, но претходно сака да биде дел и од Копа Америка која на програмата е од 12. јуни до 12. јули. И додека ПСЖ е должен да го пушти во Колумбија и Аргентина во исто време „светците“ не мора да ја прифатат молбата и „асот“ да го пуштат во Токио бидејќи олимпискиот турнир не е во календарот на ФИФА.
Поради таа причина Бразилците тргнаа во агресивна кампања, а главен аргумент е тој што Килијан Мбапе ќе биде дел од репрезентацијата на Франција во Токио. Одлуката е во рацете на Ал Келаифи кој на оваа тема не сака да разговара со медиумите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА