Бразилците на апарати… Така е кога играат на 3.637 метри надморска висина (ФОТО)

Фудбалот да се игра само во Ла Паз, Боливија сигурно била светски шампион, а не втора најлоша репрезентација во Јужна Америка.

Го докажа тоа во квалификациите за СП и со ремито (0-0) против Бразил синоќа, една од најсилните светски селекции која во Ла Паз дојде во најсилен состав.

Причината поради која Боливија во Ла Паз во овие квалификации за СП освои дури 14 бода, победувајќи ја и Аргентина со 2-0, како и Чиле со 1-0…, е тоа што домашните натпревари ги игра на стадионот „Хернандо Силес“ кој е на неверојатни 3.637 метри надморска висина.

Па затоа Бразилците, по синоќешниот меч беа на „апарати“, но буквално… Опоравување!

Уште еден интересе детал ја одбележа синоќешната средба во Ла Паз. Напаѓачот на Боливија, Марсело Морено, кој во минатото настапувал за У20 селекцијата на Бразил, посака пред мечот да се фотографира со бразилските ѕвезди.

Brazil so Moreno

Тие веднаш ја прифатија таа негова желба дозволувајќи да биде дел од нив, барем на фотографијата…

 

Се вчитува...