Брегалница договори тест и со Бачка Паланка на подготовките на Златибор (ФОТО)

Четврти ден фудбалерите на Брегалница ги реализираат подготовките на Златибор пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски денеска им сервираше два тренинзи на избраниците како финална подготовка и пред утрешниот втор пријателски натпревар, против српскиот Графичар кој е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски.

Претходно, како што е познато, „сините“ го победија црногорскиот Морнар со 2-0, со двата погодоци на Андреј Кудијан. Покрај Графичар, за време на подготовките ќе се одиграат и тест дуелот против Искра Даниловград на 17. јули, а договорен е и четвртиот пријателски натпревар против српскиот прволигаш Бачка Паланка на 21. јули.

Се вчитува...