Брегалница ги собира младинските репрезентативци: И Маневски од Академија Пандев меѓу „сините“

Брегалница продолжува со интенцијата за засилување на играчките редови со најдобрите млади фудбалери од Македонија, ангажирајќи уште еден младински репрезентативец за продолжението од сезоната во Втората лига – Исток. Овој пат, ново засилување на „сините“ е досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Михаил Маневски.

20-годишниот Маневски, кој е стандарден член на младата репрезентација на Македонија, откако ја заврши соработката со Академија Пандев денеска и официјално постигна договор за идна соработка со Брегалница. Левиот бек, кој може да игра и на левокрилната офанзивна позиција, изминатава есен одигра десет натпревари за Академија Пандев во најсилната лига на Македонија.

Маневски е трето засилување за Брегалница откако претходно го ангажираше и 21-годишниот Кристијан Ацковски, досегашниот фудбалер од средниот ред на Работнички, како и крилниот офанзивец од Силекс, 21-годишниот Дарко Додев.

Се вчитува...