Брегалница ги стартуваше подготовките, единствено Шоповски си замина (ФОТО)

Брегалница под водство на шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски денеска означи официјален старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

Единствено од тимот, во однос на есенскиот дел, си замина Сашо Шоповски, а за наредниот период од клубот најавуваат и освежување на играчките редови со неколку нови фудбалери.

Утврден е планот и за подготовките на тимот се до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза од подготовките фудбалерите на Брегалница ќе ја одработат во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.

Веќе се договорени шест пријателски средби. Се почнува на 23. јануари со дуелот против Кит Го, потоа на 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Борец, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Скопје.

Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига – Исток, Брегалница го игра на 27. февруари против прилепска Победа на домашен терен.

Се вчитува...