Брегалница го одработи првиот тренинг на Златибор: Утре првиот тест против Морнар (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница од денеска се преселија во српскиот туристички центар Златибор каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за враќањето на „сините“ на прволигашката сцена.

Штипјани попладнево го одработија и првиот тренинг на Златибор на кој присуствуваа 25 фудбалери кои во моментов се во таборот на шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски.

Утре од 17 часот со црногорскиот Морнар е закажан и првиот пријателски натпревар на подготовките на кои ќе бидат одиграни и тестови со српскиот Графичар (14. јули), кој е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, како и со уште еден црногорски прволигаш, Искра Даниловград. Се очекува официјалната потврда на противникот и за последниот, четврти, тест дуел на Златибор.

Се вчитува...