Брегалница го победи бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград со 0-1 на пријателскиот дуел кој се одигра на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград а со кој бугарскиот тим го одбележа јубилејот „100-години од своето формирање“.
„Сините“ беа подобар тим на теренот во текот на сите 90 минути. Комплетната контрола на играта почна уште во првото полувреме, но и покрај неколку обиди сепак не успеаја да дојдат до предност.
Иницијативата вроди со плод во второто полувреме кога во 74. минута најпрво Ѓорѓи Ѓорѓиев беше соборен во домашниот шеснаесетник, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Марјан Алтипармаковски за победа од 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА