Брегалница го засили и нападот: Србинот Ѓокиќ најново име кај „сините“!

Српскиот напаѓач Милан Ѓокиќ е најновото засилување на Брегалница за новата 2021/2022 натпреварувачка сезона.

Комплетирајќи ги играчките редови за враќањето во елитното друштво, „сините“ со ангажман на 23-годишниот Ѓокиќ кој доаѓа од редовите на суперлигашот Бачка Топала.

Ѓокиќ, кој фудбалски потекнува од школата на Спартак Суботица, изминативе три години е со суперлигашко искуство во Србија, настапувајќи во дресовите на Златибор, Спартак Суботица и Бачка Топола. За него Брегалница е прв интернационален предизвик во кариерата.

Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Се вчитува...