Брегалница и Кит Го отпатуваа на подготовки во Анталија (ФОТО)

Брегалница и Кит Го се единствените македонски второлигаши кои главната фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот ќе ја реализираат во турскиот туристички центар, Анталија.

По реализацијата на првата фаза од подготовките, и двата тима денеска отпатуваа за Анталија каде ќе одиграат и по четири пријателски натпревари. Кит Го првиот тест дуел ќе го има против романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар, дуел кој ќе се игра на 4. февруари. Следниот противник, на 7. февруари, ќе биде романската Универзитатеа Крајова 1948.

Брегалница, пак, веќе договори тест дуели со тимот до 21 година на Шахтјор Доњецк од Украина, рускиот второлигаш Волгар Астрахан како и узбекистанскиот прволигаш Насаф од Карши.

Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс во Лара Кунду, Анталија.

Се вчитува...