Брегалница мисли и на иднината – Денковски со професионален договор за штипјани

Паралелно со засилувањето на играчките редови за враќањето во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница не го заборава нити основниот концепт на кој се темели целокупниот функционирање на „сините“ – влог во својата иднина.

Во таа насока Брегалница денеска потпиша нов тригодишен професионален договор со еден од најдобрите македонски голмани, младинскиот репрезентативец Давид Денковски.

Брегалница, и покрај тоа што ја засилува екипата со докажани искусни фудбалери, не отстапува од долгорочниот проект за инвестиција во младоста. Токму поради тоа се долгорочните договори со најголемите наши таленти кои се иднина и на македонскиот фудбал, воопшто“ – вели спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.

Како што е познато, „сините“ претходно се засилија со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов, како и со хрватскиот дефанзивец Антонио Азиновиќ. За оваа недела се најавуваат уште две засилувања на тимот.

Се вчитува...