Брегалница подобра од Осогово, триумф на Скопје, пораз на Тетекс

Брегалница триумфираше со 1-2 (0-2) на гостувањето против Осогово во Кочани на вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Избраниците на Марјан Секуловски беа подобар противник на теренот, двата погодоци реализирајќи ги уште во првото полувреме преку Кудијан во 23. и во 34. минута. Во второто полувреме, по промената на составите во двата тима, домашните единствено преку погодокот на Недановски во 72. минута успеаја да го ублажат поразот.

Скопје славеше против Њу Старс

Лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Скопје триумфираше со 2-0 против третолигашот Њу Старс на пријателскиот натпреварот кој се одигра на теренот со вештачка треба во Ѓорче Петров. Стрелци за тимот од Автокоманда беа Мустафа Јусуф и Иво Јанакиевски.

Тетекс загуби од Јагодина

 

Фудбалерите на Тетекс го доживеаја и третиот пораз по ред низ подготвителниот период. „Штофарите“ загубија со 1-3 од српскиот тим Јагодина. Единствениот погодок на натпреварот за Тетекс го постигна новото зимско засилување Ринор Ајдини на самиот старт од второто полувреме.

 

Се вчитува...