Брегалница продолжува со сериозните засилувања: Го врати и Бобан Георгиев од Борац Бања Лука (ФОТО)

Бобан Георгиев е најновото, четврто, засилување за Брегалница во летниот преоден рок. „Сините“ во своите редови го враќаат дома 24-годишниот Георгиев кој изминатава сезона настапуваше за новиот шампион на БиХ, Борац Бања Лука.

Георгиев, кој фудбалски потекнува токму од Брегалница, на домашната сцена повеќе од успешно настапуваше во дресовите на Брегалница и Силекс каде од 2017 до 2019 година мина две одлични години. Потоа следеше трансферот во Радник Сурдулица, и на крај во Борац Бања Лука од каде сега повторно се враќа во синиот дрес.

Офанзивниот фудбалер од средниот ред, кој е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, треба да биде повеќе од сериозно засилување за штипјани за враќањето во елитното друштво.

Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Се вчитува...