Брегалница славеше со Караорман на тестот во Струга

Штипска Брегалница ја запиша и втората своја победа во четвртиот пријателски натпревар зимава, овој пат триумфирајќи со 0-1 на гостинскиот тест дуел против второлигашот Караорман.

На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Струга, Брегалница до победата дојде со голот на крилниот офанзивец од Гана, Рудолф Благоџи уште во 12. минута од средбата.

За Рудолф ова е втор гол на пријателските натпревари за штипјани, откако претходно стрелаше и во победата од 1-0 против кавадаречки Тиквеш. Напаѓачот од Гана е на проба во редовите на Брегалница, а до крајот на подготовките во Охрид ќе биде познато и дали ќе потпише договор со „сините“.

Се вчитува...