Брегалница со „петарда“ за Плачковица

Фудбалерите на Брегалница славеа убедлива победа од 5-0 (4-0) на пријателскиот натпревар против Плачковица кој се одигра во Нов Дојран.

Уште од самиот почеток на дуелот јасна беше распределбата на квалитетот на теренот. Одличен натпревар одигра Дарко Додев кој беше двигателот во играта на Брегалница во првото полувреме. Веќе во првото полувреме беше 4-0 за „сините“ од Штип за кои стрелаа Дарко Стојанов во 20. минута, по асистенција на Додев, потоа Мартин Стојанов во 23. минута од пенал откако во противничкиот шеснаесетник беше соборен Додев, Кудијан во 30. минута а Додев и самиот се запиша во листата на стрелците во 39. минута.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Брегалница, а во 52. минута по едно одлично проигрување од длабочина погоди и нововлезениот Ристе Наумов за конечни 5-0.

Се вчитува...