Брегалница со пресврт го победи Охрид на тестот на „Билјанини извори“

Брегалница триумфираше со 1-2 на пријателскиот натпревар против второлигашот Охрид кој денеска се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Шефот на стручниот штаб на штипјани, Горан Здравков се одлучи дуелот да го стартува со комбиниран состав, без поголемиот дел од стандардните првотимци. Па, домашните уште во 11. минута дојдоа до 1-0 со голот на Костоски, но потоа следеше комплетен пресврт.

Во 37. минута погоди Ѓорѓи Ѓорѓиев за израмнување на резултатот, а во 63. минута Додев погоди за победа на Брегалница од 1-2. Во 78. минута Александар Ристевски не реализираше и пенал за Брегалница.

Се вчитува...