Брегалница со убедлива победа против младинскиот тим на Шахтјор Доњецк ги почна подготовките во Анталија

Фудбалерите на Брегалница со убедлива победа од 3-1 (1-0) против тимот до 21 година на украинскиот Шахтјор Доњецк ги почнаа подготовките во Анталија.

Одличната игра и победата на „сините“ беше најавена уште во 9. минута со голот на Пепи Ѓорѓиев.

Во второто полувреме Брегалница беше уште поубедлива, па со двата погодоци на нововлезениот Ристе Наумов во 62. и во 77. минута триумфираше со конечни 3-1.

Се вчитува...