Брендан Роџерс бил заразен со коронавирус – Се чувствував како секој ден да го искачував Килиманџаро

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека тој и неговата сопруга биле заразени со коронавирус веднаш по суспендирањето на Премиер-лигата. Роџерс е вториот менаџер во Премиер-лигата по Микел Артета кој беше заразен од смртоносниот вирус.

Менаџерот на „лисиците“ почнал да се чувствува лошо две седмици по одигрувањето на последниот натпревар пред прекинот, во кој неговиот тим ја совлада Астон Вила со 4-0 кој на програмата беше на 9. март. Тој вели дека во периодот додека го имал вирусот во себе се чувствувал како секојдневно да го искачува Килиманџаро.

За потсетување Премиер-лигата својот рестарт ќе го има на 17. јуни, а Лестер во првиот меч по паузата ќe го одигра на 20. јуни кога му гостува на Вотфорд.

Се вчитува...