Брендот „ПСЖ“ паѓа на пазарот. Комерцијалните приходи забележаа пад, особено по заминување на Килијан Мбапе. Скапиот проект почна во 2011 година, кога беа привлечени најдобрите играчи на светот, а денеска шпекулациите одат до таму дека соптвениците ако добијат некоја добра понуда, се подготвени да го продадат клубот.
„Л’Екип“ со бројки го опишува моментот во кој се наоѓа клубот, откако остана без еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Така клубот покрај играчи, го напуштија и некои спонзори кои финансираа милиони во клубот. Во просек на нивните натпревари има по 8000 гледачи помалку од минатата сезона. Исто така ниту фан-шопот не функционира најдобро. По заминувае на Мбапе, а пред него и Нејмар и Меси, клупската продавница доживеа неверојатен пад на продажбата на дресови.
Според францускиот медиум, ако некогаш фан шопот инкасирала 100.000 евра на дневно ниво, денеска се продаваат производи со промет од едвај 10.000 евра на дневно ниво, или 10 пати помалку.
Во исто време интересот за клубот падна и на социјалните мрежи. Бројот на следбеници на Инстаграм е намален за дури 7 милиони. Од почетокот на годината се изгубија 200.000 следбеници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА