Брентфорд му го продолжи договорот на Томас Френк

Томас Френк останува на клупата на Брентфорд до 2027 година, потврди премиерлигашот. 49-годишниот дански стратег во јануари го продолжи договорот до 2024/25, а по успехот и во новата сезона раководството на клубот се одлучи да ја продолжи соработката на уште две години.

Брентфорд во моментот се наоѓа на 10. позиција во Премиерлигата со скор од четири победи, седум ремиња и четири порази.

 

Се вчитува...