Брентфорд не запира: Совладан и Фулам

Брентфорд ја забележа деветтата победа во Премиерлигата откако во 26. коло славеше на домашен терен против Фулам со 3-2. Со тоа воедно ја продолжи и одличната низа на натпревари без пораз и остана во игра за позиција која води во европските натпреварувања следната сезона.

Пинок го доведе Брентфорд во предност уште во 6. минута од натпреварот, а Соломон успеа да изедначи на 1-1 во 39. минута. Овој резултат остана на семафорот на полувремето, но веќе во 51. минута сигурната реализација на Тони од белата точка ги врати домаќините во предност. Победата ја завери Јенсен со гол во 85. минута, а поразот успеа да го ублажи Карлос Винисиус со гол во деветтата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...