Брера потпиша со Аризанкоски

Струмичкиот прволигаш Брера договори уште еден трансфер, потпишувајќи договор со тинејџерот од рседовите на Победа, Андреј Аризанкоски.

Станува збор за 18-годишен дефанзивен фудбалер кој лани одигра 17 натпревари за победа, а летово ќе се пресели во редовите на струмичкиот клуб. Како што информираат од Брера, овој млад надежен фудбалер кој е дел и од македонската репрезентација до 18 години веќе се приклучи на подготовките на тимот во Банско.

Струмичани претходно потпишаа договор и со Александар Ристевски, 31-годишен дефанзивец кој пристигна од таборот на Брегалница.

Се вчитува...