Бристол сити го шокира Јунајтед во Лига-купот на Англија, Челси оди понатаму

Членот на Чемпионшип-дивизијата, Бристол сити, направи изненадување елиминирајќи го Манчестер јунајтед од Лига купот на Англија. Аутсајдерот славеше со 2-1 на овој меч, а победничкиот гол го постигна Кори Смит во судиското продолжение од натпреварот. Претходно, Бристол сити имаше водство и од 1-0, со голот на Џо Брајан, а израмни Златан Ибрахимовиќ со својот прв гол по враќањето од повредата.

Челси со 2-1 го совлада Бурнемаут на домашен терен. Вилијан го отвори резултатот, а вистинска драма се случување во финишот. Бурнемаут успеа да израмни на 1-1 во 90.минута со голот на Гослинг, но Алваро Мората веќе во следниот напад му донесе победа на тимот од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...