Британска тенисерка спасила жива глава при масакрот во Лас Вегас

Британската тенисерка Лаура Робсон била дел од концертот во Лас Вегас на кој беа убиени 50 луѓе, а над 400 се повредени во масовна пукотница. Илјадници фанови биле присутни на концерт фестивал на кој учествувале повеќе изведувачи, кога лице сместено во соба на 32. кат на „Мандалеј“ хотелот почнало да пука во масата луѓе.

Меѓу присутните владеела масовна паника, а меѓу оние кои едвај спасиле жива глава се наоѓала и Робсон, која неполн час претходно преку профилите на социјалните мрежи се пофалила дека во живо го следи овој музички спектакл.

Јас сум ОК. Бевме баш на местото. Најпрвин мислевме дека се петарди, а потоа сите почнаа да трчаат. Страшно“ – напиша Робсон во својот следен пост на социјалните мрежи.

Се вчитува...