Британската влада е еден од главните иницијатори за побрзо враќање на фудбалот и особено на Премиер-лигата. Ова од две причини, како концепт за заживување на нацијата силно погодена од коронавирусот и од строгите мерки кои мора да се почитуваат, но и за враќање на една од значајните индустрии кои вработуваат илјадници луѓе.
Шефовите на Премиер-лигата и клучните медицински лица во државата заедно со претставници на владата оваа недела ќе имаат интензивни состаноци за да се детализираат плановите. Премиер-лигата има план наречен „Проект Рестарт“ според кој шампионатот би требало да продолжи на 8.јуни на неколку одобрени стадиони и без навивачи.
Пред да почнат натпреварите клубовите треба да имаат три недели за „нормални“ тренинзи. Играчите во целиот период од почеток на тренинзите па до шест недели по завршувањето на сезоната би биле во хотелски карантин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА